В недела во употреба надолната велосипедска патека на Водно

88

В недела се отвора новата надолна патека за велосипедисти на Водно, а по тој повод „Прв до врв“ ќе ја организира трката со планински велосипеди на Водно.

– Патеката нуди неповторлив дваесет минутен адреналин. Тука поминува и најфреквентната планинарска патека на Водно (полициска патека) – вели градоначалникот Петре Шилегов.

Инаку, „downhill flow“ патеката е долга од 3.500 до 3.700 метри, додека максималната широчина е 3 метри.

На трети октомври, минатата година Градот и официјално ја пушти во употреба првата нагорна пионерска планинска велопатека, исто така на Водно, како дел од проектот „Велосипедски парк Водно“.