Вљубеник во Толкин кој ја живее фантазијата: Ова е „хобитот“ од реалниот живот

20

Николас Џентиле, 37-годишен обожавател на фантазијата на Толкин, одлучи наместо да чита за животот на неговите омилени ликови, хобитите, да почне и самиот да живее како Хобит.

Џентиле, по професија слаткар, пораснал читајќи ги книгите на Толкин и гледајќи ја популарната трилогија „Господар на прстените“. Тој отсекогаш бил љубител на фикцијата, но во еден момент читањето и замислувањето на светот и ликовите што толку многу ги сакал, повеќе не му било доволно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MyHobbitLife (@_myhobbitlife_)

Николас повеќе не сакал да доживува туѓи авантури, па затоа одлучил да биде главен лик во својата лична авантура – да започне да живее како Хобит.

„Пред некое време сфатив дека книгите и филмовите веќе не се доволни за да ја задоволат мојата страст за жанрот фантазија“, изјави Николас за Гардијан.

Во 2018 година, тој купил два хектари земја во ридското село Абруцо, во централна Италија, и започнал да гради своја куќа, во размери соодветни за еден Хобит.

Оттогаш тој и неговото семејство живеат таму, облечени како Хобити, танцуваат, пеат и подготвуваат домашни оброци. Тие се забавуваат толку многу што сакаат да ја прошират својата приказна и да привлечат други љубители на епската фикција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MyHobbitLife (@_myhobbitlife_)

37-годишникот не откри колку чини неговата хобитска куќа и земјиштето околу неа, но рече дека на нив ги потрошил скоро сите животни заштеди.

Тој сега сака да собере околу 1,7 милиони долари за да изгради хобитско село кое планира да го нарече „Округот Џентиле“.

– Целта на овој проект не е да се оствари профит – рече Николас за „Insider Magazine“. Да сакав да се збогатам, ќе инвестирав во биткоини. Сѐ што сакам е да запознаам луѓе како мене, кои имаат иста магија во нивните очи и имаат љубов за едноставните работи во животот, и повремено уживаат во вечера со пријателите и авантура во шумата.

Италијанскиот Хобит од реалниот живот го документира својот хобитски живот на Инстаграм, каде редовно објавува фотографии и видеа за другите обожаватели на фантастичниот универзум на Толкин.