Вучиќ: „Ќе ги кажам фактите и вистината пред ОН – нема да им се допадне“!

249

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, престојува во Њујорк, каде што денеска  ќе зборува на генералната дебата на Генералното собрание на Обединетите нации.

Во разговор со новинарите од Србија, Вучиќ рече дека главна тема на неговиот говор на Генералната дебата на почетокот на Годишното заседание на Генералното собрание на ОН ќе бидат „принципите на меѓународното јавно право и, се разбира, Косово. Тој додаде дека тој и Владата на Србија ги повлекуваат сите политички средства за заштита на интересите на српскиот народ, како и дека ќе донесат одлука за барањето за свикување на вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за Косово.

Претседателот рече дека ставот на Србија е „да разговараме со сите, да соработуваме со Русите, Американците, кинеските пријатели, со сите“, но додаде дека кога станува збор за сметање на некого, секогаш ќе можеме да сметаме само на себе.

Тој истакна и дека не е сигурен дека некому ќе му се допадне неговиот говор.

„Како некој кој долго време се занимава со оваа работа и е ветеран, сакам да оставам трага со тој говор и да ги замолам граѓаните да го слушаат. Ќе биде по пет часот по српско време“, изјави Вучиќ за новинарите во Њујорк.

Тој рече дека ќе ги каже фактите и вистината. „Верувам дека тоа нема да им се допадне на многу луѓе“, додаде тој.

Посочи и дека при изборот на факти и вистина од една страна и дали тоа некому ќе му се допадне, го избира второто. Рече дека можеби ќе зборува подолго од предвидените 15 минути и дека нема да дозволи да биде прекинат.

„Не сум сигурен дека тоа ќе му се допадне на некој, поради општото лицемерие во светот. И за тоа ќе зборувам. Сите се повикуваа на принципи кои постојат ако ги усвоите и ги применувате во секоја ситуација, а не тогаш кога вам ви одговара“, рече Вучиќ.