Американскиот претседател Џо Бајден и српскиот претседател Александар Вучиќ и нивните сопруги денеска се сретнаа на маргините на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
„На официјалниот прием кај претседателот Бајден ја потврдивме нашата посветеност за натамошно унапредување на нашите билатерални односи“, напиша Вучиќ на Инстаграм.
Вучиќ беше на приемот со сопругата Тамара, а на Инстаграм објави заедничка фотографија со Бајден и првата дама на САД – Џил Бајден.
Инаку, Вучиќ вчера зборуваше во Њујорк на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.