Српскиот претседател Александар Вучиќ преку својот профил на Твитер денеска му го честиташе изборот на Зоран Заев за премиер на Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Очекувам да ги потикнеме економските врски, како и соработката во другите области од заеднички интерес, а на добробит на граѓаните на Република Србија и Република Северна Македонија, напиша српскиот претседател Александар Вучиќ на Твитер.