Вучиќ и во ТВ емисија излезе од фрижидер/ВИДЕО

249

Претседателот на Србија, воедно и кандидат и на овие избори, Александар Вучиќ и неговите соработници гостуваа во емисија на ТВ Пинк.

Откако претходно објави спот во кој излегува од фрижидерот на едно српско семејство, вечерва од фрижидер излезе и во телевизиската емисија.

Вучиќ во емисијата се пошегува дека „им досадил на сите луѓе во земјата да мислат дека излегува од фрижидер“.

На водителката и подари тегла краставици, а оваа негова емисија беше придружена со обработка на навивачката песна на Црвена звезда, чиј рефрен „Ѕвезда, ѕвезда“ беше заменет со „Дела зборуваат“.

 

Вучиќ буквално излезе од фрижидер/ВИДЕО