Вучиќ се одомаќи во касарната во Лозница: им приготви и палачинки на војниците, па им ги послужи/видео

1017

Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи со уште едно соопштение од касарната во Лозница каде што ќе престојува во следните шест до седум дена, при посетата на Подриње, каде со населението ќе разговара за проектот Јадар и ископот на литиум.

Попладнево тој за војниците во касарната „Поднаредник Момчило Гавриќ“ во Лозница подготви и послужи палачинки.

Се сеќавам на моите воени денови, како и на вечната желба да имам палачинки во мензата“, ја информираше јавноста српскиот претседател.

Во видеото објавено на Инстаграм, придружено со драматична музика, Вучиќ се обидува да преврти палачинки во кујната на касарната. Потоа им ги подели на војниците во мензата.

„Сега е време да им ја исполниме таа желба на нашите војници. Иако, во тие мои стари тави секогаш успевав, но овде ништо. Подобро да заминам и да им служам на војниците, барем тоа ми функционира. Момци, еве!“, додаде Вучиќ во објава на Инстаграм.