Вудвард со ветување што ќе ги испрати навивачите на Јунајтед во екстаза

53

Потпретседателот Ед Вудвард го опиша претстојниот летен трансфер прозорец како одлична можност за Манчестер Јунајтед да изгради тим, способен да се натпреварува за трофеите во англиското првенство и Лигата на шампионите.

„Црвените ѓаволи”, кои ја освоија последната титула во сезоната 2012/2013, се пет бода зад четвртото место по 25 кола во Премиер лигата. Тимот привлече само еден играч со постојан договор во зима – Бруно Фернандеш од Спортинг (Лисабон), а Вудвард вети повеќе средства за трансфери во текот на летото.

Анализираме и идентификуваме играчи во текот на целата сезона, за да можеме да бидеме активни во текот на летниот преоден рок. Тоа ќе биде одлична можност за нас да продолжиме да градиме состав кој постојано е вклучен во битките за Премиер лигата и Лигата на шампионите. Тоа е наш приоритет. Вложуваме многу во извидниците, податоците и аналитиките. Нашата цел е да привлечеме играчи кои се искусни, но во исто време млади и со потенцијал за развој, рече потпретседателот на Јунајтед.