Втор триатлон натпревар во Скопје со над 200 натпреварувачи од четири земји

442

Во организација на Стопанска банка и Триатлон клубот „Триоги Рејсинг“, денеска со почеток во 9 часот во Скопје ќе се одржи Втор триатлон натпревар.

– Стартот и целта на трката се на СЦ „Борис Трајковски“, а делот за возењето велосипед ќе се реализира долж булеварот Илинден, од СЦ „Борис Трајковски“ до крстосницата со улица „Љубљанска“, информираат организаторите.

На триатлонот се најавени повеќе од 200 натпреварувачи од Северна Македонија, Бугарија, Србија и Косово.