Втора македонска туристичка берза

30

Под мотото „Сите сме дел од истата туристичка приказна“ денеска во Скопје ќе се одржи Втората македонска туристичка берза што ја организира Националната асоцијација за дојдовен туризам.

Втората македонска туристичка берза треба да овозможи директен контакт со агенциите кои работат со дојдовен туризам во Македонија, а на настанот се очекува да учествуваат претставници на хотелите, рестораните, винариите, туристички и планиниски водичи и превозници.