Врховната рада тврди дека Русија украла 500.000 тони жито од Украина

48

Врховната рада ја обвини Русија дека украла повеќе од 500.000 тони жито од два окупирани украински региони.

Според украинскиот Парламент, руските сили ги присвоиле резервите со жито од црноморскиот пристаништен град Херсон и од градот Запорожје, југоисточна Украина.

– Се утврди дека втората армија во светот се лажговци, разбојници, силувачи и крадци, се наведува во твитот објавен од Врховната рада