Времето денеска – променливо облачно, попладне дожд и грмежи

88
EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, кои попладне на повеќе места ќе бидат пообилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Потоа во следните три дена ќе преовладува студено и ветровито време со повремени локални врнежи, претежно во западните делови.