Времен сообраќаен режим на ул. „Тодор Александров“

83

Времен сообраќаен режим утре од 8.30 до 16 часот ќе биде воведен на улицата „Тодор Александров“, на потегот од  ИЗИИС до последна автобуска постојка број 3. Воведувањето на времениот соображаен режим ќе биде заради извршување на градежни активности за реконструкција.

Како што информираат од јавното претпријатие „Улици и патишта“ нивни екипи ќе го асфалтираат овој потег со втор слој асфалтна маса ЕСМ и поради тоа, тој дел ќе биде затворен за сообраќај и обележан со соодветна сигнализација и истото ќе важи до завршување на градежните работи.