Времен сообраќаен режим на дел од улиците „Втора македонска бригада“ и „Ќемал Сејфула“

92

Од Градот информираат дека утре, почнувајќи од 07 часот наутро, па се до завршување на градежно-монтажните работи за поставување на гасоводна цевка, на дел од улицата „Ќемал Сејфула“ и на дел од улицата „Втора македонска бригада“, ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

Изведбата на гасоводот- Делница 1Д, во ингеренции на ГА-МА АД. Скопје, ќе се одвива на потегот кај крстосницата помеѓу улицата „Втора Македонска Бригада и улицата „Ќемал Сејфула“ до крстоцницата помеѓу улиацата „Втора Македонска Бригада“ и улицата „Ферид Бајрам“, во непосредна близина на зградата на Општина Чаир.

Од Градот, апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, како и да ја искористат околната улична мрежа за да стигнат до посакуваните дестинации.