Врелиот костен за Тухел

18

Томас Тухел, кој освои две последователни шампионски титули со екипата на ПСЖ пред да биде отпуштен на крајот од декември, доаѓа во Челзи само ден по отказот што сопственикот Роман Абрамович му го врачи на клупската легенда, Френк Лампард, поради слаби резултати во Премиер лигата.

  • Сакам да му се заблагодарам на Челзи за укажаната доверба кон мене и мојот тим. Сите имаме голем респект кон работата што тука ја вршеше Френк Лампард. Во исто време, нестрплив сум да се запознаам со мојата нова екипа и да се натпреварувам во една од највозбудливите фудбалски лиги. Благодарност што сум дел од семејството на Челзи – чувството е неверојатно, истакна Тухел во својата прва изјава по назначувањето за нов тренер на лондонскиот премиерлигаш.