Врвен шпански судија ќе ни суди против Полска

37

Дуелот помеѓу фудбалските репрезентации на Полска и Северна Македонија закажан за в недела во Варшава, ќе го суди еден од најдобрите шпански, па и европски судии, Антонио Матеу Лахоз.

Матеу Лахоз е делегиран од страна на УЕФА да ја дели правдата на овој меч кој е многу важен за „црвено-жолтите”, но и за Полјаците кои со победа, ќе обезбедат место на ЕП 2020. Тој досега ѝ нема судено на македонската репрезентација.

Овој 42-годишен арбитар цела деценија редовно ги суди дербијата во шпанската лига, судеше на ланското Светско првенство во Русија, а во мај годинава го повикаа да суди на дербито од ерменската лига, бидејќи клубовите Пјуник и Арарат немаа доверба во домашните судии.