Во Њујорк пронајдена статуа на индиска божица украдена во 1971 година

44

Статуа на индиската божица Парвати од 12 век, украдена во 1971 година од храм во индиската држава Тамил Наду, е пронајдена во Њујорк.

Според индиската полиција, статуата е пронајдена во приватната аукциска куќа Бонамс и веќе е подготвена документација за нејзино враќање.

Од Бонамс засега не го коментираша случајот.

Статуата висока 52 сантиметри, една од пет статуи што претходно исчезнаа од индискиот храм.

Изминатите неколку години, Индија ги зајакна напорите да ги врати статуите на божества и други антиквитети украдени или прошверцувани од нејзините храмови.

Индискиот премиер Нарендра Моди во февруари информираше дека од 2014 година во земјата успешно се вратени „над 200 статуи на божества“.

Пред две години, Велика Британија на Индија ѝ врати три бронзени статуи, украдени пред повеќе од 40 години од храм во Тамил Наду.