Во Јапонија одлучија на работното место да отворат соби за спиење. Собите се опремени со уреди за намалување на бучава, има кревети на кои работниците можат да спијат, додека мобилни, таблети и лап топите се најстрого забранети.
На ваква мерка јапонските работодавачи се одлучија, откако едно истражување покажа дека поспаноста влијае на ефикасноста на работниците, а тоа газдите ги чинеше 138 милијарди долари годишно.