Во Штип излезeноста до 18:30 часот е 32,85 отсто

56

Во општина Штип до 18 часот и 30 минути своето право на глас го искористиле 13.751 граѓанин.

Претседателката на Општинската изборна комсија од Штип, Сенка Андреева информира дека во проценти излезноста е 32,85 проценти.

Гласачките места се затвораат во 19 часот, по што следи и броењето на гласачките ливчиња. Андреева оценува дека на 77 избирачки места имало мирен референдумски ден.