Во четврток ноќно искачување до Милениумскиот крст

80

В четврток, во 19:30 часот, ќе се одржи „Ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно”.
Овој настан е од јавен карактер, што значи на оваа вечерна прошетка може да учествуваат сите оние кои сметаат дека имаат доволно кондиција да се искачат до Милениумскиот Крст.
Патеката по која ќе се пешачи е долга прилично 5 километри, а за тоа ќе бидат потребни околу 1 до 2 часа.

Стартното и собирното место е пред „ОУ „Кочо Рацин”, во 19:15 часот. На истото место се враќа околу 12:00 часот по полноќ,
Доколку има заинтересирани кои сакаат да тргнат од Средно Водно, треба да бидат кај фонтаната во 20:15 часот.
Во текот на искачувањето ќе има една официјална пауза на Средно Водно која ќе трае од 5 до 10 минути.

Оние што ќе учествуваат во ноќното пешачење со себе треба задолжително да ја понесат следнава опрема: соодветни чевли за пешачење, фенерче, резервна маица, вода, овошје и храна по избор, ранец, фотоапарат и пари за чај.

Од Осветли го Скопје напоменуваат и препорачуваат доколку се пријави некој со послаби кондициони способности, да се искачи само до Средно Водно и додаваат дека секој е на своја одговорност.