Во Црквата „Св. Софија“: Концерт на квартетот гитари „Апеирон“

34

Во Црквата „Св. Софија“, во рамките на Охридско лето, утревечер (13 август), со почеток од 21 часот концерт ќе одржи квартетот гитари Апеирон во состав Микеле Амбрози, Влатко Боцевски, Вјекослав Црнобори, Рафаеле Пизано.

„Присутен на светските музички сцени повеќе од 15 години, гитарскиот квартет ‘Апеирон’ ја изведува својата концертна активност со цел да го открие и сподели оригиналниот репертоар за четири гитари, притоа инспирирајќи ги и мотивирајќи ги композиторите да пишуваат за овој ансамбл. Квартетот има настапено во Италија (Вила Манин ди Пасариано, на Меѓународниот фестивал ‘Nei suoni dei luoghi’, во замокот Мирамаре во Трст, Концертен преглед ‘Енрико Меркалали’, Асоцијација ‘Мауро Џулијани’, Гориција, на фестивалот ‘Nuovi Spazi Musicali’ во Асколи) и во Чешка, Романија, Хрватска, Словенија и Замбија. Во 2006 го издадоа својот прв албум ‘Ápeiron’ со музика составена од Јорк, Дуарте, Броувер, Лорен, Милетиќ, Рак и Белинати“, стои во најавата за концертот.