Во Хрватска основните производи намалени за 23 отсто

58

Хрватската влада ги ограничи цените на вкупно 30 производи, со важност од понеделник, 18 септември. За сончогледово масло, млеко, брашно, шеќер, пилешко, мелено свинско месо остануваат ограничувањата од претходните мерки, јавија хрватските медиуми.

Меѓу новите производи со ограничени цени се и јогуртот во чаша и шише – 40 центи; полутврдо гауда сирење за сечење 6,49 евра; ориз 2,29 евра за килограм; половина килограм шпагети 1,09 евра; свежи јајца класа М 2,45 евра; свински врат без коски 5,49 евра; говедски врат со коска 6,99 евра; пилешки или мисиркини виршли 2,69 евра; компири 5 килограми 3,99 евра, моркови 0,89 евра итн.

Комплетна кошница производи чии цени сега се ограничени ќе чинеше 99,68 евра на крајот на минатата година, а 76,19 евра по новите цени, што е за 23,57 отсто помалку, со заштеда од 23,49 евра, изјави премиерот Андреј Пленковиќ.

Сите овие производи ќе бидат означени дека се со ограничена цена за да бидат видливи за потрошувачите.