Во ХЕ „Шпилје“ лани произведени 205 милиони киловат часови електрична енергија

12

Во Хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар, која е дел од хидроенергетскиот систем (ХЕС) „Црн Дрим“ минатата година прозведени се над 204,9 милиони киловат часови електирична енергија.

-Произведените киловат часови преставува оставрување на планот за 70,2 отсто за 2020 година, кој изнесуваше 291,9 милони киловат часови.Тоа, пак, е 18 отсто поголемо остварено производство споредено со претходната, 2019 година, кога беа произведени 172,8 милиони киловат часови, потврдија за МИА надлежните од ЕСМ.

Обилните врнежи од дожд присутни на дебарското сливно подрачје, условија зголемен дотек на вода од реките Радика и Црн Дрим, како и помалите реки и притоки од подрачјето на Жупа, што го зголемува и нивото на акумулацијата, што е услов за поголемо производство, кое сепак зависи и од потребите на електроенергетски систем.

Моментно во акумулацијата има резерва на вода за произвство на 16 милиони киловат часови електрична енергија.

ХЕ „Шпилје“ која првите киловат часови ги произведе на четврти ноември далечната 1969 година, во изминатиот период потврди дека претставува значаен извор на електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем, со испорачаните 13.981 гигават часови електрична енергија.

Средното годишно производство е 275 милиони киловат часови, а максимално годишно прозводство е забележано во 2010 година, кога беа прозведени 519 киловат часови.

Извор:МИА