Во Франција над 10.500 заболени со коронавирус за еден ден

51

Во Франција денеска се регистрирани повеќе од 10.500 нови случаи на заболени со Ковид-19 за 24 часа, што е помалку од саботата, но стапката на позитивни тестови е во пораст втор ден по ред, според јавните здравствени служби.

Точниот број на нови случаи е 10.569. Податоците од неделата се пониски од претходните денови затоа што лабораториите што ги вршат тестовите не работат.

Од почетокот на пандемијата регистрирани се најмалку 31.585 смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Франција, а вкупно се заразиле над 467 000 луѓе.