Во Финска слета авион од Скопје со 24 патници позитивни на Ковид-19

145

Финска ќе воведе задолжителни тестови за корона вирус и карантин за патници од земји со висок ризик, откако 24 од 157 патници кои пристигнале од Скопје во Финска, беа позитивни на ковид-19, изјави министерката за семејни работи и социјални услуги Криста Киуру, објави Ројтерс.

Министерката информира дека на аеродромот Турку во Финска во саботата било организирано случајно тестирање на сите патници кои пристигнале со летот од Скопје, откако властите утврдиле дека два авионски летови од Северна Македонија и Романија, се главни извори на нови инфекции со коронавирус во Финска.

– Бројот на нови инфекции претежно доаѓа од Балканот – рече Киуру осврнувајќи се на неодамнешниот пораст на инфекции во Финска.