Во февруари месецот на љубовта: ЈУЛИЈА ВО ЦРВЕНО!

176

 

Пејачка и новинарка Јулија, месецот февруари го поздравува со црвената боја, боја на љубовта и радоста. Токму така и ја одбележува својата тв емисија “Будење со Јулија“ на ТВ Сонце….која овој месец според нејзиното кажување ќе биде во името на љубовта. А, кога сме кај љубовта, не можеме а, да не се запрашаме дали популарната Џулиета  е вљубена?

-Јас сум секогаш вљубена, признава Јулија. Љубовта е на секаде околу мене, секој ден, секој миг, со секоја моја мисла.Не мора да станува збор за љубов кон некој маж, туку може да се работи и за љубов кон работата, кон семејството, кон пријателите, децата, внуците….а, јас сум токму таква:без љубов не можам да функционирам. Затоа и ја сакам црвената боја, го сакам и црвеното вино, вели за “Вечер“ вљубената Јулија на која одлично и оди со тв-емисијата, една од најгледаните во Македонија!

Дуле Миќиќ