Во утрешна штампа ќе читате: Кучето на Мира Дизел вработено во гранична полиција

50

Пет вработувања од потесните семејства на владини функционери за само една недела деновиве ги зовреа социјалните мрежи. По информацијата дека пратеничката Мира Стојчевска, која “водеше” на листата пратеници со највисоки патни трошоци си го вработила синот во државната енергетска компанија ЕЛЕМ, медиумите вчера пренесоа дека освен за синот, Стојчевска обезбедила вработување и за братот, кој според информациите е вработен во РЕК Битола од понеделникот.

Стојчевска не знаела дека син и конкурирал за вработувањето во ЕЛЕМ, немаше информации и вработувањето на братот

– Тој си е фамилијарен човек, јас стварно не знам. Го барав, не ми се јави, изјави Стојчевска, пренесува порталот А1он.
Деновиве, медиумите пренесоа дека и ќерката на независната пратеничка Емилија Александрова е вработена во државна институција. Освен тоа, и синот на пратеникот Горан Мисовски е вработен во Агенција за супервизија на осигурување, а според медиумите, тој дипломирал пред неполни три месеци. Без работа, не остана ниту баџанакот на собранискиот спикер Талат Џафери, кој беше изгласан за антикорупционер.

Неодамна сестрите на министрите за економија и култура се вработија во МЕПСО и ЕЛЕМ. И синот на Љубомир Фрчкоски беше поставен за помошник-директор во ПУИК. Ќерката на поранешнот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта од ДУИ, е вработена во државната компанија МЕПСО.

Деновиве, мајката на сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, беше изгласана на седница на Собранието за нов член на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации.

Според Законот за слободен пристап до информации, членовите на таа комисија се бираат на предлог на Владата
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за вработувањето на кадри од СДСМ во државната администрација пред два дена рече дека два-три случаи на вработување не значат непотизам. Според

Манчевски, сите членови на неговата партија 10 години биле најдискриминирани, па така, го оправдува нивното вработување во јавниот сектор.

“Денеска е чудно што кој било симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата. Сега има антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично, треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа”, изјави Манчевски.

И за министерката за правда Рената Дескоска нема ништо спорно во вработувањата.

– Јас не гледам никакво прекршување на законот во постапката за избор новите членови на Антикорупциската комисија, изјави пред два дена министерката за правда Рената Дескоска во врска со реакциите во јавноста за изборот на Нури Бајрами за член на ДКСК, кој е баџанак на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Според неа, ако се гледа правно, роднинските врски со овој степен не се опфатени.

 

Твитерџиите во шеста брзина

 

*Уствари на Мира Дизел цела фамилија и работела зад грб

*Сестра кани брат на вработување во РЕК Битола

*Пратеничката од СДС си поднесе неотповиклива оставка од местото пратеник во собранието на РМ од морални причини, при што изјави:
– Мојот син и мојот брат се здружиле и работат позади мојот грб, си обезбедиле работни места во мое име, нема да им дозволам на останатите од фамилијата!

*Во утрешна штампа ќе читате: Кучето на Мира Дизел вработено во гранична полиција!

*На интервју за работа:
– А ти чие дете си?

*Влезот во НАТО ќе го поттикне економскиот развој. Братот на Мира “дизел” од вчера вработен во РЕК ‘Битола’!

*Проверете, у гужвата, и Мира да не е вработена у ЕЛЕМ, а да не знае!

*Пратеничката Мира Дизел не знаела дека нејзиниот син конкурирал за работа во ЕЛЕМ…тој прво конкурирал, па и соопштил.

*Синот во ЕЛЕМ,
Маж и во шумска полиција,
Брат и кај јагленот во РЕК Битола,
Зошто “Мира Дизел е шовинист само машкиот дел од фамилија ги вработува?

*Баксуз е кога во олку мала држава ниеден државен функционер не ти е близок роднина.

*”Ало, се јавувам за огласот пред 3 минути што го објавивте”.
-А дечко ти касниш, веќе е пополнета таа позиција и дури и плата дадовме.

*Ајдееееееее
Десковска: Брат не е роднина

*Денес да не си во кожата на Мира Дизел

*Се мафташ навака натака со секакви несериозни, место да си најдеш дете од фамилија, од ЕЛЕМ!