Во Турција повеќе од 82.000 заразени во еден ден

25

Турција забележа 82.180 нови случаи на Ковид-19 во изминатите 24 часа, што е највисок дневен број за време на пандемијата, покажуваат денешните податоци на Министерството за здравство.

Во истиот период се регистрирани 174 смртни случаи поврзани со оваа болест, пренесува Ројтерс.

– Нашите здравствени работници се на своите работни места. Ако е време за вашата трета доза од вакцината, не одложувајте поради временските услови – порача на Твитер министерот за здравство Фахретин Коча.

На крајот на декември имало околу 20.000 заразени дневно, пред бројот да се зголеми поради новиот вид омикрон, според Ројтерс.