Во Србија вакцинирани рекордни 75.000 граѓани во еден ден

660

Србија денеска го сруши сопствениот рекорд по бројот на вакцинирани во еден ден, објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на видеото објавено на Инстаграм.

Вучиќ им се заблагодари на граѓаните кои „одговорно донеле одлука да се заштитат себе си, своите најблиски, но и сите други со кои контактираат“.

Тој рече дека повеќе од 75.000 вакцинирани лица денес се „резултат со кој пропорционално по бројот на жители не можат да се пофалат дури и најразвиените земји во Европа и светот“.

Вучиќ рече дека целта е Србија да има над 2,8 милиони вакцинирани и 2,2 милиони ревакцинирани до крајот на мај, а над три милиони вакцинирани и ревакцинирани до крајот на јуни.