Во спомен на нашиот ангел:Маратонците ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево, градот на Тоше

74

Како и секоја година, во Загреб во црквата кај Роков перивој, во недела (17 октомври) од 11:00 часот, ќе се одржи свечена миса по повод трагичната смрт на македонската пејачка ѕвезда Тоше Проески. Па, така ќе биде и оваа година. Пред тоа во сабота, на 16 октомври и кај нас во Македонија ќе се означат долго болните четиринаесет тешки години од смртта на ангелот Тоше.

Хрватската дискографска куќа “Хит рекордс“ традиционално, во пресрет на оваа тажна годишнина заедно со Туристичката заедница на Нова Градишка и обожавателите подготвија неколку настани во спомен на Тоше.

Еден од оние кои негуваа посебна традиција со години се маратонците кои и овој пат ќе трчаат од Нова Градишка до градот на Тоше, до Крушево. Меморијалниот маратон ќе започне во четврток, 14 октомври, во 17 часот, од стадионот „НК Слога“ во Нова Градишка. Ќе има и положување венци пред споменикот на Тоше, кој е дел од локалното училиште за електротехника и економија.                                                Никогаш да не се заборави една пејачка ѕвезда кој остави толку длабока трага во музиката, од Вардар па до Триглав. (Д.М.)