Во Словенија – Бонус за лекарите ако промовираат вакцинација против Ковид-19

89

Словенечката влада усвои проект за забрзување на стапката на вакцинација против Ковид-19, што ќе обезбеди поттик за општите лекари и нивните тимови активно промовираат вакцинација.

Лекарите ќе имаат право на бонуси доколку најмалку 45 отсто од нивните регистрирани пациенти постари од 50 години ја примиле првата доза или барем 55 отсто биле целосно вакцинирани, јави СТА. Целта на проектот е да се зголеми стапката на вакцинација, особено кај лицата постари од 50 години, соопшти словенечката влада по вчерашната седница.

Проектот потенцијално ќе обезбеди дополнителни стимулации за општите лекари и регистрираните медицински сестри во нивните тимови кои работат во јавните здравствени установи или во други даватели на јавни здравствени услуги.