Во Словачка повторно воведена вонредна состојба

45

Словачката Влада воведе вонредна состојба поради раст на бројот на новозаболени од коронавирусот, напиша денеска на Фејсбук премиерот Игор Матович.

Вонредната состојба во Словачка ќе трае 45 дена, а Владата ќе може да воведе построги мерки, но тоа автоматски нема да значи враќање на карантинот, како на почеток на пандемијата.

Вторпат од почетокот на пандемијата со новиот коронавирус во Словачка се воведува вонредна состојба.

Бројот на новозаразени луѓе во изминатите 24 часа во Словачка се зголеми за 567, што е рекорден број на дневно ниво. Во исто време три лица починаа од последици од Ковид-19, со што бројот на смртни случаи се искачи на 48. Хоспитализирани се 187 лица, од кои 16 на одделенијата за интензивна нега и 18 на респиратор.

Во Словачка со население од 5,4 милиони луѓе има 10.141 инфицирани лица од почетокот на епидемијата.