Во Скопје вчера девет сообраќајки, двајца загинати и тројца повредени

99

Двајца возачи загинале, еден пешак е тешко повреден, а две лица се здобиле со полесни повреди во пет од вкупно девет сообраќајки регистрирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.

Полицијата исклучила од сообраќај еден возач почетник и 13 лица пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и 17 нерегистрирани и четири технички неисправни возила.

Изречени се 80 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 49 возила.

Сообраќајната полиција санкционирала и осум возачи кои поминуваат на крстосница на црвено светло, седум кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, шест лица за неносење заштитен шлем, четворица за неносење сигурносен појас, 11 за зборување на мобилен…