Во синагога во Бруклин се одржала тајна венчавка со 7.000 луѓе без маски/ВИДЕО

117

Синагога во Бруклин била домаќин на венчавката на која присуствувале 7.000 луѓе без маски во сред пандемијата со коронавирусот, пренесе „Њујорк пост“.

На снимките се гледа преполната синагога Сатмар која може да прими 7.000 лица, а настанот се случил на 8 ноември.

„Би требало да се спроведе истрага за наводите според кои е одржана тајна венчавка на која илјадници гости биле без маски“, рекол гувернерот на Њујорк. Ендју Куомо, пренесе „АП“.

Тој додал дека доколку тоа навистина се случило, станува збор за огромно кршење на законот.

„Тоа што е направено е илегално. Исто така, се работи за непочитување на граѓаните на Њујорк“, додал тој.