Во светот од Ковид-19 починале повеќе од 5,17 милиони луѓе

34
Пет милиони и 173.915 луѓе починале од коронавирусот во светот, а 258 милиони и 929.020 се заразени од почетокот на пандемијата, објави денеска агенцијата Франс прес.
Бројот на официјално заразени не ја одразува реалната бројка, бидејќи многу земји тестираат само пациенти на кои им е потребно болничко лекување.
Соединетите држави беа најтешко погодени со 775.397 смртни случаи и 48.091.937 заразени. Следува Бразил со 613.339 смртни случаи и 22.043.112 случаи на заразени, Индија со 466.980 смртни случаи (34.544.882 заразени), Мексико со 293.186 смртни случаи (3.872.263 заразени) и Русија со 269.067 смртни случаи (189.05).
Меѓу најтешко погодените земји, Перу има најголем број на смртни случаи во однос на населението, 609 на 100.000 жители. Следат Бугарија (398), БиХ (378), Црна Гора (361), Северна Македонија (359), Унгарија (347) и Чешка (304).
Латинска Америка и Карибите имаат 1.536.984 смртни случаи (46.537.071 инфицирани), Европа 1.500.157 смртни случаи (82.374.912 инфицирани), Азија 984.911 смртни случаи (56.984.911 инфицирани), Соединетите Американски Држави и Канада 804.977 смртни случаи (49.866.883 инфицирани), Африка 222.030 смртни случаи (8.616.303 инфицирани), Блискиот Исток 213.734 смртни случаи и Океанија 3.250 смртни случаи (299.572 заразени).
Франс прес прави дневен биланс врз основа на државните податоци од земјите ширум светот и информациите од Светската здравствена организација.