Во светот, на секои пет минути, некој добива мултипла склероза,а во Македонија над 1.300 лица ја имаат болеста

Марш на лицата во Македонија со МС- да се подигне свеста за болеста 

30

Да се подигне јавната свест во Македонија за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза, за нивните специфични потреби за поквалитетен живот и социјална инклузија. За таа цел тие вчера по повод 30 мај – Светскиот ден на лицата заболени од мултипла склероза, организира марш на кој што им се приклучија и лицата со параплегија и дистрофија. Подршка пристигна и од  Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски и Министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски кои што исто така беа  дел од овој маршот за подигање на јавната свест и остварување на правата  на овие лица.

-Новата Влада предводена од премиерот Христијан Мицкоски ќе посвети особено внимание на реализацијата на барањата на овие лица.Ние сме различни, а сепак исти. Мојата поддршка кон остварување на своите права овие луѓе ја имале, ја имаат и ќе имаат!Во мене овие луѓе имаат партнер и сојузник! – напиша Стефковски на својот ФБ профил.

Марштот стартуваше пред Порта „Македонија“ и продолжи по десната коловозна лента на ул.„11Октомври“ во правец на Собранието на СРМ и до Домот „Даре Џамбаз“.

Мултиплекс склероза  е сериозно заболување, а симптоми може да варираат од личност до личност, но најважно е дијагнозата навреме на се постави.Во моментов, во светот живеат повеќе од 2,8 милиони луѓе кои боледуваат од оваа болест, додека на секои пет минути некој некаде во светот добива дијагноза на МС.Во Македонија има над 1.300 лица кои се борат со оваа болест,поливина од нив се на современа терапија.

Според проф. д-р Селма Шабанагиќ-Хајриќ, болеста има карактеристични обрасци со влошувања (рецидиви) и подобрувања (ремисии), но постојат и поретки форми кај кои прогресивното влошување е присутно од самиот почеток. Како што објаснува се работи за имуно-посредувана, прогресивна болест на централниот нервен систем, кај која имунолошкиот систем ја напаѓа миелинската обвивка која се наоѓа околу нервните влакна.

-Најчестите симптоми вклучуваат заматен вид, двојни слики, вкочанетост на одредени делови од телото, слабост при одење, нестабилност. Покрај акутните напади или релапси, присутни се и дегенеративни промени кои се случуваат дури и кога болеста е во мирување.Важно е болеста рано да се открие и да се започне со соодветна терапија која може да влијае на понатамошниот тек на болеста. Лекувањето е комплексно и вклучува третман на акутни влошувања, специфична терапија која го модулира текот на болеста и третман на различни симптоми- укажуваат лекарите.

(В.Ма.)