Во Сантјаго повторно ќе биде воведен карантин

23

Здравствените власти на Чиле најавија дека повторно ќе го затворат главниот град, Сантјаго поради зголемен број на новоинфицирани лица со Ковид-19.

Бројот на новозаболени лица е во пораст и покрај тоа што во Чиле речиси 60 проценти од населението примило две дози вакцина против коронавирусот.

Во Чиле од почетокот на пандемијата регистрирани се 1.453.478 инфицирани лица, а од последици на болеста починале 30.339 луѓе.