Во „Росица“ превентивни прегледи за спречување на оштетување на слухот

49

Со цел рано откривање на евентуалните проблеми со слухот, детската градинка ,,Росица” во соработка со Универзитетската клиника за уво, нос и грло изврши превентивни прегледи на децата од завршните групи.

Балканското здружение на оториноларингологија и хирургија на глава и врат,  иницира истражување на преваленцата на серозен отитис медија кај деца на возраст од 4 до 7 години, во Балканскиот регион.

По претходно добиена согласност од родителите, околу 60 дечиња беа прегледани од врвите доктори на Клиниката. Преваленцата на серозен отитис медија кај деца на возраст од 4 до 7 години е честа состојба на средното уво кај претшколските деца, која многу често може да се превиди, а да биде причина за прогресивно намалување на слухот.

Навременото откривање ќе овозможи навремен третман и спречување на било какво оштетување на слухот.

Во студијата ќе учествуваат 16 земји и од добиените резултати ќе се овозможи утврдување на влијанието на географската локација, климатски фактори и  надморската висина врз фреквенцијата на серозниот отитис медија.