Во регионот најмногу Македонците плаќаат бесконтактно

103

Вкупното користење на бесконтактниот начин на плаќање со Visa картичките во нашата земја порасна за 113 проценти во однос на март минатата година, а 86 проценти од граѓаните на Македонија се подготвени да вршат бесконтактни трансакции затоа што им носат мноштво предности.

Тоа го покажува првото регионално истражување на компанијата Visa во рамките на кампањата „Во чекор со дигиталната иднина“, кое е спроведено во текот на мај, на примероци од по 500 корисници на картички во земјите од регионот, во старосна граница од 18 до 55 години.

Според податоците секој четврти граѓанин на Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора денес редовно користи бесконтактни картички, но лидер во регионот по употреба на бесконтактна технологија е Македонија, каде што дури 68 проценти од испитаниците го користат овој метод при плаќање.