Во Радовиш зачести палењето контејнери поради фрлање пепел и жар во нив

55

Заради фрлање жешка пепел и жар изминативе денови зачестено е палењето контејнери во Радовиш, информираат од радовишкото јавно претпријатие „Плаваја“.

– Чадот од запалениот отпад во контејнерите покрај непријатната миризба и глетка, најчесто содржи штетни материи по здравјето на луѓето, кои се распространуваат во околината на запалениот контејнер, а се вдишуваат и од самиот несовесен граѓанин и од членовите на неговото семејство, неговите деца, внучиња, роднини, пријатели и соседи – додаваат од комуналното претпријатие.

Од претпријатието апелираат до граѓаните да не фрлаат жешка пепел и жар во контејнерите и со тоа ќе придонесат сите заедно да живеат во чиста животна средина и амбиентален воздух. Од таму ги повикуваат граѓаните доколку забележат лица како истураат жар и пепел во контејнерите или на друг начин го палат отпадот да ги пријават во комуналното претпријатие или во комуналната инспекција.