Во ПСЖ има два клана и се знае зошто постојат

155

Францускиот весник „Фигаро“ откри дека не било се така „розево“ во соблекувалната на старо-новиот фудбалски шампион, тимот на ПСЖ. Најзаслужен за таквата ситуација е спортскиот директор Леонардо, односно неговата идеа во новата сезона „светците“ да бидат предводени од трофејниот италијански стручњак, Масимилијано Алегри. Сосема очекувано, таквиот план не му се допадна на актуелниот шеф на стручниот штаб, Германецот Томас Тухел.

Проблем има и помеѓу фудбалерите – сигурно си заминува Единсон Кавани кој нема да доби продолжување на соработката, а од Интер ќе биде откупен договорот на аргентинскиот интернационалец Мауро Икарди. Како слободни фудбалери ќе си заминат и Тијаго Силва, Томас Муниер и Левин Курзава.

За сите овие работи се крие и тивката војна помеѓу Неимар и Килијан Мбапе. Тухел го доживува Бразилецот како лидер на тимот, а се знае дека Французинот пред почетокот на сезоната ја побара улогата на главна ѕвезда и побара поголема плата од таа која ја заработува Неимар. Сепак, Неимар и понатаму е во предност, а нетрпението помеѓу Тухел и Мбапе расте од ден во ден.

Исто така, на Неимар не му се допадна последниот предлог на Мбапе. Репрезентативецот на Франција предложи на фудбалерите да им биде намалена платата за 70% затоа што веќе е завршена сезоната, но поголемиот дел од играчите не го прифатија таквиот предлог. Меѓу тие фудбалери беше и Неимар кој веднаш формираше клан во кој се Тијаго Силва, Единсон Кавани, Андре Херера, Хуан Бернат и Анхел ди Марија.

ПСЖ веќе е прогласен за шампион на Франција, а во август ќе ја игра 1/4 финалната рунда од Лигата на шампиони.