Во Прилеп посета на црковните храмови за Велипеток и потреба за верба и претпазливост

36

Прилепските храмови ги пречекаа верниците на Велипеток со сите протоколи за заштита. Прилепчани трпеливо во редици чекаа пред најпознатата црква „Свето Благовештение“ да запалат свеќа и да се помолат за здравје.

Според Илчо Смилески, старешина на „Свето Благовештение“, денеска е најтажниот и најтежок ден во христијанството. Во прилеп има долга традиција за посета на храмовите, а ние се погриживме за сите протоколи за заштита на здравјето.

-Денес, во нашата света православна црква е најтежок ден, според спомените на страданијата, искушенијата, исмевбањта, одењето на голгота, распнувањето и положувањето во гроб на Господ исус Христос, токму на овој ден. во прилеп има долга традиција, Верниците секогаш доаѓале да се поклонат на светата плаштеница која го симболизира христовиот гроб и да одадат почит на она што Господ Исус Христос го стори за нас преку неговите смрт и воскресение за да нѐ искупи од гревовите, изјави отец Смилески.

Прилепските верници се дециндни дека обичаите и верувањата во Прилеп се негуваат, а во ова време со претпазливост. Задоволни се од редот и протоколите во црквите и посакуваат тоа да биде за сите празници.

Споре етниологот Александар Цветкоски, прилеп ги негува обичаите и традициите за Велигден каде с длабоко вкороенети и наоѓа дека се ред во нередот и учат на морални вредности. Со пандемијта некои обичаи се изменети, посебно дружењето, но пораките остануваат.

-Адетите се ред во нередот, адетот кажува како и зошто тоа треба да го правиш и во што треба да веруваш. Адетите се токму онаа меѓа што ни треба во секојдневниот живот. Со таа поука адетите помагаат во ситуација како што е оваа со ковидот и во сите стресни ситуации, вели Цветкоски.

Со почитувањето на традициите и обичаите за Велиигден остануваат и препораките за достоинствено, претпазливо празнување на Велигденските празници.

Извор:МИА