Во Прилеп одбележана годишнината од смртта на Блаже Конески

73

По повод 26-годишнината од смртта на истакнатиот македонски деец Блаже Конески, денеска делегација на општина Прилеп положи свежи цвеќиња и се поклони пред споменикот на Конески пред Центарот за култура „Марко Цепенков”.

Блаже Конески е еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет и научник, чие творечко истражување даде неодминливи резултати во македонската литература во областа на културната историја на македонскиот народ.

Неговата родна куќа во селото Небрегово е спомен-музеј што го посетуваат ученици, студенти и културни дејци, каде се промовираат истакнати литературни дела од македонската книжевност и граматика