Во Појасот Газа досега раселени околу 1,7 милиони луѓе

17
EPA-EFE/MOHAMMED SABER

Бројот на раселени лица во Појасот Газа од почетокот на војната, меѓу Хамас и Израел, достигна околу 1,7 милиони, соопшти Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестинските бегалци (УНРВА).

Како што се наведува во соопштението, околу 900 раселени лица се сместени во училиштата на УНРВА, а стотици илјади луѓе живеат на улиците, пишува „Хаарец“.

Агенцијата соопшти дека контаминираната вода за пиење довела до ширење болести и дека постојат стравувања од појава на колера. Во соопштението се нагласува и дека УНРВА му ги пренела на Израел точните локации на своите објекти, но дека повеќе од 70 од нив биле оштетени во бомбардирањето.

Предвремено родените бебиња пристигнаа во Египет преку преминот Рафах, откако беа евакуирани од болница „Ал Шифа“ во Појасот Газа. Евакуацијата и транспортот на сигурно беа извршени во координација со Светската здравствена организација, и ОН, соопшти палестинската Црвена полумесечина. Четири бебиња почина два дена пред евакуацијата, повеќе од 250 пациенти со тешко инфицирани рани останаа во Шифа. Израелските сили со денови се борат со палестинските милитанти пред и околу болницата.