Во пожар во Русија загинаа 16 лица

17

Шеснаесет лица загинаа во денешната експлозија и пожар во фабрика за барут во регионот Рјазан во Русија, јавија локални медиуми.

Според Министерството за вонредни ситуации, причина за пожарот е веројатно „нарушување на технолошкиот процес и мерките за безбедност“.

Пожарот избувна во работилницата за производство на барут во фабриката Еластик плант.  Според извори, како што пренесува БГНЕС, работилницата во која се случил инцидентот е во сопственост на компанија која произведува индустриски експлозиви и депонира муниција.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека првпат добило сигнал за пожар во фабриката во 08:22 часот по локално време. На местото на настанот биле испратени повеќе од 170 спасувачи.