Во подготовка публикацијата „Црквите и манастирите во Делчевско“

134

Во рамки на одбележувањето на месец октомври – месецот на книгата, јавната локална библиотека „Илинден“ од Делчево ја промовираше книгата „Црквите и манастирите во Делчевско“. Книгата е недовршено дело на покојниот роднокраен автор Драган Арсов, кое по завршување на техничките работи ќе биде публикувано.

– Публикацијата содржи податоци за забележаните христијански цркви и манастири во Пијанец од раното христијанство до денес. За постојните цркви и манастири, според податоците, се бележи од кога датираат, кои се ктиторите, кој ги живописувал и во кое време, кога се рушени и обновувани – истакна директорката на библиотеката, Билјана Петровска.

Во публикацијата се зборува и за црквите и манастирите во Делчево (Царево Село) како и селата Град, Црквенец, Селник, Драмче, Киселица,Тработивиште, Ѕвегор, Илиово, Разловци, Стар Истевник, Вирче, Бигла, Очипала, Драмче, Косово Дабје, за христијанските собори и собири.

Во археолошката карта на Македонија се регистрирани 12 ранохристијански цркви на просторот на општина Делчево, а на археолошката карта на општина Делчево од 1978 година се забележани 12 населби со ранохристијански цркви и некрополи.