Во Перу пронајдена мумија од периодот пред цивилизацијата на Инките/видео

85
Перуанските археолози ја пронајдоа мумијата пред цивилизацијата на Инките, во добра состојба во археолошкиот комплекс Кахамарки, кој се наоѓа источно од Лима.
Мумифицираните останки припаѓаат на поединец од културата што се развила помеѓу брегот и планините на оваа јужноамериканска земја.
Додека самата мумија би можела да биде стара помеѓу 800 и 1.200 години, што подоцна ќе се утврди со радиокарбонска анализа, забележуваат археолозите.
Мумијата, чиј пол сè уште не е идентификуван, е откриена во регионот на Лима, изјави во петокот археологот Питер Ван Дален Луна од Универзитетот во Сан Маркос.
„Главната карактеристика на мумијата е тоа што целото тело и е врзано со јажиња и дека рацете и го покриваат лицето, што веројатно било дел од локалниот погребен обичај“, изјави Ван Дален Луна, а пренесе  „Гардијан“.
Мумијата била во подземна градба пронајдена на периферијата на градот Лима. Во гробницата биле пронајдени и керамика, остатоци од зеленчук и камени алатки.
Постојат стотици археолошки локалитети од културите во Перу кои се развиле пред и по Империјата на Инките, која доминирала во дел од Јужна Америка пред 500 години.
Според локалните медиуми, археолозите се надеваат дека ова откритие ќе им помогне подобро да ја разберат културата и традицијата во времето пред Инките во Кахамаркила.