Тој е најголемата скулптура во светот.Аеродромот „Дасинг“ во Пекинг фасцинира не само со функционалноста туку и со неговиот изглед. Тој не е само аеродром, туку и најголем кинески сообраќаен јазол. Се наоѓа 45 километри од центарот на Пекинг, но благодарение на поврзаноста со брзата железница и со експресните возови, на патниците нема да им сe потребни повеќе од 20 минути за од аеродромот да стигнат до центарот на градот.

Официјално го отвори кинескиот претседател Си Џинпинг на Националниот ден во 2019 година кога Кина одбележа 70 години од постоењето. Изградбата на аеродромот започна во 2014 година, чинеше 11,4 милијарди американски долари, а летовите од овој аеродром опфаќаат 250 дестинации во целиот свет. Аеродромот прима околу 45 милиони патници. Терминалите на новиот аеродром се на површина еднаква околу 100 фудбалски игралишта. Аеродромот со оригинален и атрактивен терминал во форма на морска ѕвезда е дело на ирачкиот архитект ЗахаХадид, кој го дизајнирал пред својата смрт во 2016 година. Се простира на 700.000 квадратни метри, а со четири писти и 268 паркинг места за авионите, целосната површина на аеродромот е околу 47 квадратни километри.

Аеродромот им овозможи на патниците од безбедносните проверки до најоддалечените гејтови да не одат повеќе од 600 метри, што е околу осум минути.

Се предвидува дека до 2025 година тој ќе прими околу 72 милиони патници.

Веќе постојат и планови за негово проширување според кои до 2040 година годишно ќе може да прими околу 100 милиони патници.

Иако „Дасинг“ е најголем аеродром на светот не може да се забележат гужви зашто така е проектиран што патникотза кратко стигнува на кој било излез.

„Дасинг“ не е само аеродром, туку и најголем  сообраќаен јазол. Поврзан е со брзата железница и со експресните возови, на патниците нема да им бидат потребни повеќе од 20 минути за да стигнат од аеродромот до центарот на градот.

 

 

 

Аеродромот во Пекинг е седиште на AirChina, ChinaSouthesternAirlines i HainanAirlines. Со сообраќај од околу 90 милиони патници годишно, аеродромот во Пекинг ја има титулата најпрометниот аеродром во Кина и е еден од десетте најпрометни аеродроми во светот.

 

 

Најголемиот аеродром во светот, кој е сместен во кинеската престолнина Пекинг е полн со симболи на кинеската култура. И сега, во средината на холот, на аеродромот во Пекинг има огромна бронзена скулптура. Се работи за реплика на воден часовник дизајниран од кинески научник, пред 2000 години, кој само потсетува на важноста на кинеската цивилизација и она што таа го дава на науката и технологијата.