Во Палатата на Берлинале: Врачена наградата “Шутинг старс” за Благој Веселинов

27

На Благој Веселинов вчеравечер во Палатата на Берлинале му беше врачена наградата “Шутинг старс“, што ја доделува платформата Европска филмска промоција (ЕФП).

Наградите на македонскиот актер и на останатите 9 најдобри актерски таленти во подем во Европа им ги врачија членовите на овогодишното жири за оваа програма, режисерката Теона Митевска и актерот Ингвар Сигурдсон од Исланд.

Освен главната ѕвезда на “Исцелител”, годинешни добитници на наградата се актери од Ирска, Шведска, Полска, Данска, Германија, Норвешка, Исланд, Србија и Естонија.

“Шутинг старс” е иницијатива за промоција на европскиот талент на меѓународниот филмски маркет, а од првата награда во 1998 досега, на Берлиналето се претставени 303 наградени актери и актерки.

Од Македонија оваа награда ја имаат добиено Лабина Митевска во 2009, Наташа Петровиќ во 2011.