Во ноќен клуб во Англија: Пронајдена плантажа на марихуана на три ката, вредна милион фунти

48

Полицијата во поранешен ноќен клуб во Ковентри открила плантажа на канабис на три ката за која се проценува дека вреди повеќе од милон фунти.

Вработени во британската Национална агенција за криминал (НЦА) во четвртокот го пребарале објектот и нашле 1.000 стебла на марихуана и опрема за садење, одгледување и наводнување, чија вредност се проценува на околу 150.000 фунти, пишува Скај Њуз.

Приведени се тројца мажи. Тие се обвинети за производство на дрога од класата Б. Полицијата уапсила двајца со помош на дрон додека тие се обидувале да избегаат од зградата.